Споделување на содржини со Smartphone уред
Споделувањето на содржини ви овозможува да уживате во видео записите, музиката и фотографиите кои се зачувани на вашиот Smartphone уред кој е поврзан на истата мрежа.
Поврзување на телевизор со вашиот smartphone уред
- Користење на апликацијата LG SmartShare
- Проверете дали е овозможено Wi-Fi на вашиот smartphone уред.
Телевизорот и smartphone уредот треба да бидат поврзани на истата безжична мрежа. - Инсталирајте апликација која ви овозможува да споделувате содржини на вашиот smartphone уред.
Можете да ја преземете апликацијата со скенирање на QR кодот подолу или со пребарување на „LG TV SmartShare-webOS“ во Play Store (само за Android).

- Активирајте ја апликацијата LG SmartShare на вашиот smartphone уред.
- Изберете го типот на содржината (видео запис/музика/фотографија) која сакате да ја репродуцирате на вашиот телевизор.
- Кликнете го копчето Сподели за да го изберете телевизорот на којшто сакате да ги репродуцирате содржините.
- Проверете дали е овозможено Wi-Fi на вашиот smartphone уред.
- Споделување на видео записи, музика и фотографии
- Проверете дали е овозможено Wi-Fi на вашиот smartphone уред.
Телевизорот и smartphone уредот треба да бидат поврзани на истата безжична мрежа. - Изберете го типот на содржината (видео запис/музика/фотографија) која сакате да ја репродуцирате.
- Кликнете го копчето Сподели за да го изберете телевизорот на којшто сакате да ги репродуцирате содржините.
- Проверете дали е овозможено Wi-Fi на вашиот smartphone уред.
Ова може да се разликува во зависност од уредот, апликацијата или верзијата на апликацијата.
Важни работи за споделувањето на содржини
Проверете ги вашите поставки на мрежата ако опцијата за споделување на содржини не функционира правилно.
Можно е да не работи правилно на безжична мрежа. Се препорачува поврзување на кабелска мрежа.
Можно е да не работи правилно во зависност од мрежната околина.
Ако повеќе телевизори се поврзани на еден уред, содржината може да не се репродуцира правилно во зависност од перформансите на серверот.
Функцијата за споделување на содржини може да не биде поддржана за рутер кој не поддржува multi-cast (повеќенасочно испраќање). За повеќе информации, погледнете во упатството за користење кое се испорачува со вашиот рутер или обратете се до производителот.
За да гледате видео записи од 1080p преку функцијата за споделување на содржини, потребен е рутер кој користи фреквенција од 5 GHz. Ако се користи рутер од 2,4 GHz, можно е видео записите да не се репродуцираат правилно.
Преводите се поддржани само кај одредени поврзани уреди.
Кога фајлот со превод се додава подоцна, оневозможете го споделениот фолдер и потоа повторно овозможете го.
DRM фајловите во поврзаниот уред нема да се репродуцираат.
Дури и за форматите на фајлови поддржани од телевизорот, поддржаниот формат на фајл може да се разликува во зависност од опкружувањето на поврзаниот уред.
Ако во еден фолдер има премногу фолдери и фајлови, можно е функционирањето да не биде правилно.
Информациите од фајлот вчитан од поврзаниот уред можно е да не се прикажат правилно.
Во зависност од кодирањето, некои проследувани содржини може да не се репродуцираат во режимот за споделување на содржини.