За да го гледате PC екранот на телевизорот
Поврзете се безжично
  1. Притиснете на HOME button on the remote control и потоа кликнете на Input button во горната десна страна на екранот.
  2. Сега можете да започнете со Screen Share.
  3. Активирајте Intel® WiDi на уредот кој сакате да го поврзете.
  4. Вашиот телевизор ќе биде прикажан на листата на достапни уреди.
  5. Изберете вашиот телевизор да побара поврзување, и на ТВ екранот ќе се појави порака која од вас ќе побара да внесете PIN број со 8 цифри.
  6. Внесете го PIN бројот и изберете Поврзи.
  7. Откако ќе се воспостави поврзување, телевизорот ќе го прикаже екранот на поврзаниот уред.
Препорачливо е да го ажурирате уредот кој е поврзан на вашиот телевизор на најновата верзија на OS за стабилно поврзување.
При поврзување преку Intel® WiDi, се препорачува да го поставите уредот во близина на телевизорот.
Intel® WiDi овозможува поврзувања без безжичен рутер. За најдобри можни перформанси, поврзете го уредот со рутер од 5GHz.
Оваа функција е достапна само на PC што поддржува Intel® WiDi.
Го поддржува поврзувањето преку Intel® WiDi верзија 3.5.
Стапката на одзив може да се разликува во зависност од корисничкото опкружување.
Се разликува од верзијата на Windows. За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред.
Поставете ја функцијата Режим на слушање на Вклучено откако ќе влезете во HOME button on the remote controlInput buttonScreen Share. Можете да извршите поврзување без да ја активирате функцијата Screen Share.
Доколку ја вклучите функцијата Режим на слушање, тоа може да влијае на перформансите на безжичното поврзување при поврзување со AP. Доколку има проблеми поврзани со безжичното функционирање, се препорачува да се исклучи функцијата Режим на слушање.
Поврзување со кабел
Поврзете го компјутерот со телевизорот со HDMI кабел.
Ве молиме погледнете во Упатството за корисникот (за поврзување на компјутер) кое е испорачано со вашиот телевизор.