Скенирајте го QR-кодот прикачен на производот користејќи ја камерата или апликацијата за читање QR-код на паметниот телефон.
Побарајте и инсталирајте ја апликацијата LG ThinQ на Google Play Store или Apple App Store преку паметниот телефон.
Стартувајте ја апликацијата LG ThinQ и најавете се со вашата постоечка сметка или создајте сметка на LG за да се најавите.
Допрете го копчето за додавање (~) на апликацијата LG ThinQ за да го поврзете вашиот LG апарат. Следете ги инструкциите за да го завршите процесот.
За да ја потврдите врската со Wi-Fi, проверете дали свети индикаторот за Wi-Fi на контролната табла.
Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.
LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на мрежата.
Околното бежично поврзување можеби придонесува бежичниот мрежен сервис да работи бавно.
Ако растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер е преголемо, јачината на сигналот слабее. Може да биде потребно повеќе време за поврзување или може инсталацијата да е неуспешна.
Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.
Мрежната врска може да не работи правилно во зависност од давателот на интернет услуги.
Wi-Fi врската можеби не се воспоставува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.
Апаратот не може да се поврзе, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се обидете.
Ако заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер е овозможен, оневозможете го заштитниот ѕид или додајте исклучок за него.
Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)
Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.
Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во подесувањето на мрежата. Променете го на други безбедносни протоколи (Се препорачува WPA2) и повторно поврзете го производот.