Во режимите Ладење и Одвлажнување се создава влага во внатрешната единица. Можете да ја намалите таа влага.
Вклучете го апаратот.
Притиснете го и држете го копчето Comfort околу 3 секунди.
Функцијата Автоматско чистење+ е поставена со купувањето на апаратот. Ако не сака да ја користите функцијава, исклучете ја.
Времето на Автоматско чистење+ автоматски се поставува според условите за користење на апаратот, а статусот на напредок се прикажува како преостанати минути на екранот на внатрешната единица.
Времето на Автоматско чистење+ се поставува до 20 минути.
Состојбата на сушење во внатрешноста на апаратот може да биде различна во зависност од температурата или влажноста на внатрешниот воздух.
За најефикасно сушење на внатрешноста на апаратот, користете го апаратот во режим на Вентилатор повеќе од 1 час.
Откако функцијата Автоматско чистење+ е поставена, таа останува активирана додека не се исклучи.
Ако апаратот нема да се користи подолг временски период, активирајте го режимот Вентилатор повеќе од 1 час за да се исуши внатрешноста на апаратот целосно пред да го складирате.
Може да ја поставите функцијата Автоматско чистење+ дури и кога апаратот не работи.