Употребете ја оваа опција за да дијагностицирате или решите проблеми со вашиот апарат.
Од причини што не може да се препишат како немарност на LGE, услугата може да не работи поради надворешни фактори, како што се, но неограничувајќи се на недостапноста на Wi-Fi, губење на Wi-Fi конекцијата, политиката на продавницата за апликации или недостапноста на апликацијата.
Оваа функција може да е предмет на промена без претходна најава и може да има поразлична форма во зависност од тоа каде сте лоцирани.
Користење LG ThinQ за дијагностицирање проблеми
Ако искусите проблеми со вашиот апарат опремен со Wi-Fi, тој може да ги испрати податоците за проблемот на паметен телефон преку апликацијата LG ThinQ.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата во апликацијата LG ThinQ.
Користење звучна дијагноза за дијагностицирање проблеми
Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.Отворете ја вратата од фрижидерот и држете го телефонот до горното десно лого ThinQ.Притиснете го и држете го копчето Freezer во траење од три секунди или подолго додека го држите телефонот на звучникот сè додека не заврши преносот на податоци.Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.За најдобри резултати, не помрднувајте го телефонот додека се пренесуваат звуците.