Горе > МОНТАЖА > Отстранување на вратите на фрижидерот или замрзнувачот

Отстранување на вратите на фрижидерот или замрзнувачот

Ако влезната врата е многу тесна за да помине апаратот низ неа, извадете ги вратите на апаратот и внесете го странично.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
  • Исклучете го кабелот за струја, осигурувачот или ФИД-склопката пред да го монитирате, да ги отстранувате вратите или да го чистите апаратот. Во спротивно, може да дојде до смрт, пожар или струен удар.

Содржи теми

Вадење на капакот на шарката

Отстранете ги завртките од капакот на шарката, којшто се наоѓа најгоре на апаратот. Подигнете ја куката (не е видлива), којашто е лоцирана најдолу на предната страна од капакот со помош на одвртувач со рамна глава.

Вадење на левата врата на фрижидерот

Исклучете ги сите кабелски приклучоци a. Одвртете ја заземјувачката жица b.Бројот на кабелски приклучоци може да варира зависно од моделот.Одвртете ги завртките, а потоа подигнете ја шарката.Кога ја подигнувате горната шарка за да ја ослободите од бравата, внимавајте вратата да не падне нанапред. Се препорачува двајца или повеќе да ја отстранат или вратат вратата.Подигнете ја вратата од клинот на средната шарка и отстранете ја.Поставете ја вратата со внатрешниот дел свртен нагоре, на површина којашто не предизвикува гребење.

Вадење на десната врата на фрижидерот

Откачете ги сите кабелски приклучоци a.Бројот на кабелски приклучоци може да варира зависно од моделот.Одвртете ги завртките, а потоа подигнете ја шарката.Кога ја подигнувате горната шарка за да ја ослободите од бравата, внимавајте вратата да не падне нанапред. Се препорачува двајца или повеќе да ја отстранат или вратат вратата.Кревајте ја десната врата од фрижидерот додека да се ослободи од средната шарка.Ставете ја вратата на површина што не може да ја изгребе, свртена со внатрешната страна нагоре.

Отстранување на вратата од замрзнувачот

Отстранете ги двете сигурносни завртки на шарката.Завртете ја шарката да го подигнете ротирачкиот крај, за да може вратата да се подигне. Подигнете ја вратата од клинот на долната шарка и отстранете ја.Отстранете ја вратата, подигајќи ја од клинот на долната шарка.

Враќање на вратата на фрижидерот или замрзнувачот

Вратете по обратен редослед од вадењето откако ќе го внесете апаратот во просторијата.