Оваа функција е достапна само за некои модели.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Првичната температура на фрижидерот е 3 °C.
Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -23 °C и -15 °C.
Првичната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Super Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Super Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.
Cleaning Time
Оваа функција го запира целото ладење во преградите за фрижидер и замрзнувач, но внатрешниот LED-индикатор работи, така што е погодно за чистење.
Притиснете и задржете го копчево во траење од 3 секунди за да ја вклучите функцијата.
Оваа функција автоматски застанува по 15 минути, а сите функции на апаратот ќе продолжат со работа.
Откако ќе истече времето на чистење, LED светилката во рамките на уредот трепка и се огласува аларм.
Оваа функција го запира целото ладење во преградите за фрижидер и замрзнувач 15 минути. Бидете внимателни при складирање на мраз или лесно расиплива храна.
Lock
Ги заклучува копчињата на контролната табла.
За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се вклучи индикаторската сијаличка и не се активира функцијата.
За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се исклучи индикаторската сијаличка и не се деактивира функцијата.
Vacation
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 °C, а на замрзнувачот -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Кога е вклучена функцијава, не работат другите копчиња освен копчето Wi-Fi.
Wi-Fi
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги паметните функции за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура за секоја преграда.
Контролниот панел ќе се исклучи автоматски додека е затворена вратата.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.