Промена на ТВ режим
Поставки ОПЦИЈА Поставување режим
Изберете Стандарден или Зачувај.
За користење во вашиот дом, изберете Стандарден.
Режимот Зачувај е наменет за употреба во продавници.
Користење на ISM методот
Поставки ОПЦИЈА ISM метод
Оваа функција го отстранува врежувањето на сликата кое е предизвикано од многу долго прикажување на неподвижна слика.
- Нормално : Се минимизира врежувањето на сликата преку постепено намалување на осветленоста при прикажување на неподвижна слика и преку зголемување на осветленоста при прикажување на подвижна слика.
- Oрбитер : Се минимизира врежувањето на сликата поместување на сликата налево, надесно, нагоре или надолу, секои 2 минути.
- Пречистување на бои : Се отстранува врежувањето на сликата преку придвижување на секој пиксел по одредена шема на екранот одреден временски период. Оваа функција користете ја за отстранување на привременото врежување на сликата.
Врежувањето на сликата е општо позната појава кај плазма телевизорите при долго прикажување на неподвижна слика. ISM методот го одложува ефектот на врежување на сликата; тој не може целосно да ја спречи појавата. Ве молиме оваа функција користете ја со претпазливост.
Враќање на почетните поставки
Поставки ОПЦИЈА Фабрички ресет
Бришење на сите опционални поставки и враќање на иницијалниот зададен режим.
Откако иницијализирањето ќе заврши, телевизорот сам ќе се исклучи и повторно ќе се вклучи.
Ако е активен Систем за заклучување, ќе се прикаже прозорец за внесување лозинка.
Немојте да го исклучувате напојувањето за време на иницијализацијата.