Користење на Магично мобилно поврзување
Магично мобилно поврзување ви овозможува да ги споделувате и да уживате во содржините зачувани на паметните уреди преку вашиот телевизор.
Оваа функција е достапна само кај Android паметните уреди.
Препорачливо е вашиот паметен телефон да има активирано Lollipop или понова верзија на Android.
Поврзување на паметен уред со Магично мобилно поврзување
Поставете поврзување следејќи ги упатствата подолу:
  1. Инсталирајте ја апликацијата LG TV Plus на паметниот уред.
  2. Поврзете го телевизорот и паметниот уред на истата мрежа.
  3. Активирајте ја апликацијата LG TV Plus и поставете поврзување со вашиот телевизор следејќи ги инструкциите прикажани на екранот.
  4. Притиснете го копчето HOME button on the remote control за приказ и на десната страна од екранот ќе се појави листа со поврзани паметни уреди.
  5. Изберете го саканиот паметен уред.

Connected smart device

Откако ќе се воспостави првичната врска, секој нареден пат кога паметниот уред ќе навлезе во рамките на покриеноста на мрежата ќе се воспостави автоматско поврзување.
Споделување содржини со Магично мобилно поврзување
Можете да ги споделувате и да уживате во содржините зачувани на вашиот паметен уред на телевизорот.
  1. Активирајте ја апликацијата LG TV Plus инсталирана на вашиот паметен уред.
  2. Поставете ја саканата содржина на телевизорот.
Одредени функции може да не бидат достапни во зависност од тоа дали сте најавени како член во апликацијата LG TV Plus или не.
Поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата.
Поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од верзијата на оперативниот систем на вашиот паметен уред.