Kористење на далечинско управување на екран
Можете да ги контролирате надворешните уреди поврзани на телевизорот со помош на далечинското управување на екран прикажано на ТВ екранот.
  1. Притиснете го копчето Screen remote на Далечинскиот управувач за магично движење.
  2. Со помош на Далечинскиот управувач за магично движење, изберете го саканото копче на далечинското управување на екран прикажано на ТВ екранот.

Screen remote

  1. Конфигурирајте ја опцијата Постави универзална контрола за надворешните уреди поврзани на телевизорот.
    Кога ќе изберете уред, далечинското управување на екран се претвора во далечински управувач за уредот.
    За повеќе информации, погледнете во Како да ракувате со телевизоротУниверзален далечински управувач во Водич за корисници.
  2. Ќе се појават копчињата кои се соодветни за избраниот уред.
  3. Снимање ТВ
    Можете да го снимите вашиот ТВ екран. [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
    Можете да ги погледнете/избришете снимените слики од екранот во апликацијата Фотографии и видеа.
  4. Погледнете повеќе копчиња од далечинскиот управувач.
  5. Активирајте ја апликацијата Приклучок на уред.
Оваа функција може да се користи само со Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку вашиот телевизор не е испорачан со Далечински управувач за магично движење, можете да го купите одделно.
Видот на копчињата кои се појавуваат на далечинското управување на екран се разликуваат во зависност од регионот и типот на поврзаниот уред.
Опциите се разликуваат во зависност од моделот и земјата.