Користење на Mени во живо
Можете да ги користите соодветните функции со леснотија кога гледате ТВ емитувања.
  1. Активирајте ја функцијата Live TV со притиснување на Home.
  2. Поместете го Далечинскиот управувач за магично движење кон десната страна од ТВ екранот. Исто така, можете да го притиснете копчето Right на далечинскиот управувач за да го погледнете Менито во живо.

Live menu

  1. Channel list of live menu Канали: Погледнете листа на содржини кои се емитуваат во моментот.
  2. Recommended list of live menu Препорачано: Добијте препораки за канали и програми врз база на вашата историја на гледани содржини.
Каналите прикажани на листата на канали се конфигурација на канали овозможени од сопственикот на станицата за емитување. Затоа, доколку сопственикот на станицата за емитување ја променил конфигурацијата на своите канали без известување, каналите прикажани на листата на канали може да се разликува од реалните ТВ канали.
Бидејќи информациите за каналите кои се прикажани на листата на канали вклучуваат информации овозможени од надворешни обезбедувачи на електронски програмски водич (EPG), може да се разликува од реалните ТВ канали.
За да ја користите функцијата за препорака на програми во листата со препораки мора да имате мрежно поврзување.
За да добиете правилни услуги за препораки, потребно е да ја поставите вашата мрежа, регион и автоматско бирање.
Опциите може да се разликуваат во зависност од земјата.