Користење на Повеќекратен приказ
Со поделеноста на екранот можете да гледате две емитувања или надворешни влезови истовремено.
  1. Притиснете го копчето HOME button on the remote control на далечинскиот управувач.
  2. Активирајте ја апликацијата Повеќекратен приказ.
  3. Using Multi View

Во режимот Повеќекратен приказ, со избирање на Full Screen на секој екран се префрлувате на целосен екран.
(Не можете да се префрлите на целосен екран кога го користите обичниот далечински управувач.)
Со избирањето на саканиот екран додека гледате телевизија се пренасочува звукот кон избраниот екран.
Користете го копчето тркалце (OK) на Далечинскиот управувач за магично движење или копчињата P Channel Up / Channel Down на далечинскиот управувач за да ги промените каналите на избраниот екран.
Функцијата Повеќекратен приказ може да не биде достапна за 3D видео записи или Ultra HD канали.
Повеќекратен приказ и функцијата за снимање (достапна само во одредени земји) не може да се користат истовремено.
Функциите Повеќекратен приказ и Репродукција во живо (достапна само во одредени земји) не може да се користат истовремено.
Избор на влез
  1. Можете да изберете влез за секој екран со кликнување на App drawer button во горниот дел од ТВ екранот.
  2. Select inputs on each screen

Кога ја активирате функцијата за првпат, еден од екраните прикажува Live TV која сте ја гледале неодамна или надворешен влез. Потоа, функцијата ја меморира комбинацијата на поставките за двата екрани и ги овозможува за понатамошна употреба.
Поддржаните типови на слики за едниот екран може да се разликуваат во зависност од поставките на другиот екран.
Достапните поставки за двата екрани се разликуваат во зависност од моделот или земјата.