Користење на Закажувач
Оваа функција се користи да се постави времето и датумот за снимање на одредена програма.
  1. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач.
  2. Можете да закажете снимање со избирање на апликацијата Закажувач.

scheduler

  1. Sort icon : Можете да ја подредите листата.
  2. deleted the scheduled content : Можете да го поставите режимот за бришење.
  3. set the new scheduled recording : Можете да поставите ново закажано снимање
  4. set the new reminder : Можете да поставите нов потсетник
  5. TV Guide : Активирајте ја опцијата ТВ водич.
Закажување по програма
Можете да изберете емисија за да ја закажете за гледање или снимање.
  1. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач.
  2. Можете да закажете снимање со избирање на апликацијата ТВ водич.
  3. Изберете ја саканата програма.
    Доколку сакате да го снимате емитувањето во живо, кликнете на копчето Снимај.
    Во случај на претстојна програма, кликнете на копчето Закажи снимање.
Закажаното снимање можно е да не ја сними целосно програмата, бидејќи програмата се снима според информациите од станицата за емитување.
Се однесува на дигитално емитување.
Рачно закажување
Можете да го изберете датумот, времето и програмата за гледање или снимање на програмата.
  1. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач.
  2. Можете да закажете снимање со избирање на апликацијата Закажувач.
  3. Поставете го датумот, времето и програмата за снимање.
Изберете ја апликацијата Закажувач за да ги проверите информациите за програмата и да закажете снимање.
Должината на закажаното снимање мора да биде најмалку 1 минута.
Снимање серии
Функцијата за снимање на серии се користи за автоматско снимање на секоја епизода од избраната програма.
Доколку програмата е серија, можете да ја снимите серијата со Закажи снимање во ТВ водич или со Снимај додека гледате телевизија.
Можете да го следите напредокот за снимањето на серијата на екранот со детали во Снимања на серии.
Снимките на сериите можете да ги репродуцирате во апликацијата Снимки.
Проверете ги условите во вашиот регион и условите на вашата мрежа за да ги користите овие функции.
Доколку закажаното снимање на серијата е во исто време со друго закажано снимање или доколку има проблем со информациите за емитување, серијата можно е да не се сними по точниот редослед на епизоди.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели и земји.