Избирање на режим на слика


СликаПараметри на режимот за сликаРежим на слика Изберете режим на слика кој најдобро одговара на вашите услови за гледање, желби или видови на видео записи.
Кога користите обични сигнали
| Живописен |
| Сликата се изострува со зголемување на контрастот, осветленоста и острината. |
| Стандардно |
| Сликата се прикажува со нормален контраст, осветленост и ниво на острина. |
| Eco / APS |
| [Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот.] Функцијата за Штедење на енергија ги менува поставките на телевизорот за да се намали потрошувачката на енергија. |
| Кино |
| Оптимизирање на сликата за филмови. |
| Спорт / Фудбал / Cricket |
| Оптимизирање на сликата за спортски игри. Сликата се изострува при брзи движења како шутирање или фрлање на топка. Името на спортот може да се разликува во зависност од регионот. |
| Игра |
| Оптимизирање на сликата за игри. |
| Фотографија |
| [Само за Ultra HD модел] Овој режим е оптимизиран за гледање на слики. Тој ги прикажува фотографиите рамномерно додека ја минимизира загубата на квалитетот на оригиналната фотографија. |
| HDR-ефект |
| Оваа функција во овозможува да уживате во подинамична и почиста слика со коригирање на светлината и темните област на приказот. Оваа функција овозможува реална слика, дури и кога нивото на градација на изворната слика е високо. Оваа опција можете да ја поставите само во режим на општ влез. Кога вашиот телевизор се наоѓа во режим на HDR влез, поставувањето автоматски се префрлува на HDR-стандард / HDR Standard / Movie Dark.
Доколку ја поставите функцијата Режим на слика на HDR-ефект, нема да можете да користите одредени Параметри на режимот за слика.
|
Експерт (светла соба) / Експерт (темна соба) |
| На експертите, или на оние кои уживаат во квалитетот на сликата, им се овозможува да го постават најдобриот квалитет на слика. Оваа опција е мени за прилагодување наменето за експертите за прилагодување на квалитет на слика со ISF сертификат. (ISF логото може да се користи само во врска со телевизор со ISF сертификат.) ISFccc: Imaging Science Foundation Certified Calibration Control |
Кога користите HDR сигнали
[Освен за Dolby Vision HDR сигналите]
| HDR-живописно / HDR Vivid |
| Сликата се изострува со зголемување на контрастот, осветленоста и острината. |
| HDR Bright |
| Екранот ќе изгледа посветол и поживописен со бои од HDR-стандард / HDR Standard. |
| HDR-стандард / HDR Standard |
| Оптимизирање на екранот за HDR видео сигнал. |
Кога ги користите Dolby Vision HDR сигналите
[Само за моделите со Dolby Vision поддршка]
| Vivid |
| Ја изострува сликата со зголемување на контрастот, осветленоста и острината на Dolby Vision HDR видеото. |
| Movie Bright |
| Екранот ќе изгледа посветол и појасен отколку со Movie Dark. |
| Movie Dark |
| Оптимизирање на екранот за Dolby Vision HDR видео сигналите. |
Доколку Dolby Vision HDR видео сигналот се проследува до моделите кои не ја поддржуваат технологијата Dolby Vision, достапни ќе бидат само опциите за слика со нормален сигнал.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот или земјата.
Во зависност од влезниот сигнал, достапните режими на слика може да се разликуваат.
Експерт е опција која му овозможува на експертот да изврши фино прилагодување на квалитетот на слика на конкретна слика. Затоа, можно е да не важи за општата слика.