Користење на функцијата за Почеток на LG WebOS TV
Можете да го отворите почетниот екран со притиснување на копчето Home на далечинскиот управувач.
Можете да ги комбинирате често користените апликации на еден екран и да ги користите во секое време.

HOME Display

  1. Music player: Можете да ги користите другите функции на телевизорот додека слушате музика.
    Оваа опција е достапна само кај одредени модели.
  2. : Можете да се префрлите на друг влез или да ги промените поставките.
  3. All settings: Можете едноставно да ги промените поставките на вашиот телевизор.
    Изберете All settings за напредна помош.
  4. Можете да ги погледнете денешните временски услови и распоред.
    За да ги погледнете распоредите, потребно е однапред да ги поставите.
    За повеќе поддржани примери, погледнете во Преглед на поставкитеОпштоТајмери во Водич за корисници.
  5. Додајте ги содржините кои сакате да ги користите лесно и брзо.
    (Оваа функција не е поддржана во одредени земји. Кога ќе ја изберете функцијата, ќе бидете насочени кон LG Content Store.)
  6. Со додавањето на каналите кои ги сакате, можете да ги проверите информациите за каналот и да го гледате омилениот канал брзо и лесно.
  7. Ова е листа на неодамна користени апликации. За да пристапите на листата на неодамна користени апликации, изберете го овој елемент, а потоа притиснете и задржете го копчето тркалце (OK). На листата можете да ги погледнете сите апликации кои сте ги користеле неодамна.
  8. Можете да ги активирате, поместувате или бришете сите апликации кои се инсталирани на телевизорот.
Користење на неодамнешна листа
За да пристапите на листата на неодамна користени апликации, притиснете и задржете го копчето Home на далечинскиот управувач, или пак притиснете и задржете на неодамна користен елемент од почетниот екран.
Можете да ги активирате или да излезете од сите апликации кои сте ги користеле неодамна.

Recent list

  1. Излез од апликацијата.
Управување со апликациите
Можете да погледнете листа на апликации инсталирани на телевизорот, да ги менувате нивните позиции, или да ги бришете.

All apps

  1. Изберете ја апликацијата која сакате да ја уредите, а потоа притиснете и задржете на копчето тркалце (OK) на Далечинскиот управувач за магично движење.
    Ова ќе го активира режимот за уредување на апликации.
  2. За да ја поместите апликацијата на саканата позиција, одете до позицијата и притиснете го копчето тркалце (OK).
    За да избришете апликација, изберете ја иконата Close над апликацијата.
    Можете да поместувате и да бришете колку сакате апликации пред да излезете од режимот за уредување.
    Апликациите можете да ги поместувате и со копчињата Left / Right на далечинскиот управувач.
  3. Кога ќе завршите со уредувањето, кликнете ГОТОВО за да излезете од режимот за уредување на апликацијата.
Одредени апликации не може да се уредуваат.
Запирање на тековната функција
  1. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач.
  2. Изберете го името на апликацијата во горниот лев агол од екранот со далечинскиот управувач за да се прикаже иконата за затворање.
  3. Изберете ја иконата за затворање која е прикажана веднаш до името на апликацијата за да излезете од функцијата која се користи.

Close app