Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате сервисот > Кондензација и мраз

Кондензација и мраз

Има кондензација во апаратот.

Причина

Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?

Решение
  • Топлата храна првин нека се излади пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот.

Причина

Дали сте ја оставиле вратата на апаратот отворена?

Решение
  • Иако кондензацијата ќе исчезне набрзо откако ќе ја затворите вратата на апаратот, можете да ја избришете и со сува крпа.

Причина

Дали вратата на апаратот ја отворате и затворате многу често?

Решение
  • Кондензацијата може да се формира поради разлика во температурата со надворешноста. Избришете ја влагата со сува крпа.

Причина

Дали сте ставиле топла или влажна храна внатре, без да ја затворите или ставите во сад?

Решение
  • Чувајте ја храната во покриен или затворен сад.