Користење на Фокусирање на зумот
Можете да зумирате одредени делови од екранот со помош на функцијата Фокусирање на зумот.
Притиснете и задржете го копчето FOCUS на далечинскиот управувач.

Зголемување на ТВ екранотЗголемување на ТВ екранот

  1. Ова ја прикажува зголемената област и зголемениот приказ.
    Зголемената област го следи движењето на покажувачот.
Доколку го промените каналот или активирате друга апликација на зголемен екран, функцијата се затвора.
Оваа функција може да се користи само со Далечинскиот управувач за магично движење.
Функцијата е поддржана само за дигиталните емитувања, сликите во апликацијата Фотографии и видеа, снимањата во апликацијата Снимки (достапна само во одредени земји) или во режимите на HDMI влезот.
Функцијата може да не функционира додека се користат одредени видео записи или функции.
Фиксирање на позицијата на Фокусирање на зумот
Притиснете го копчето Тркалце (OK) на позицијата којашто сакате да ја фиксирате.
Зголемената област ќе се фиксира на таа позиција.
Користење на дополнителни функции

Користење на споредните функции при зголемување на ТВ екранотКористење на споредните функции при зголемување на ТВ екранот

  1. Можете да го прилагодите зголемувањето на Фокусирање на зумот користејќи ги копчињата за нагоре / надолу на далечинскиот управувач. Можете да го прилагодите обликот и големината на Фокусирање на зумот користејќи ги копчињата за лево / десно на далечинскиот управувач.
  2. Притиснете го копчето ЗеленоЗелено на далечинскиот управувач. Можете да го паузирате или да го продолжите тековниот екран. Доколку продолжите со гледањето на емитување, ќе го видите екранот со тековното емитување.
  3. Притиснете го копчето ЖолтоЖолто на далечинскиот управувач. Можете да го снимите тековниот екран. Снимените слики можете да ги погледнете во апликацијата Фотографии и видеа.
  4. Притиснете го копчето СиноСино на далечинскиот управувач. Можете да го прикажете или скриете контролното копче за функцијата Фокусирање на зумот.
  5. За да излезете од функцијата и да се вратите на оригиналниот екран, притиснете FOCUS или BACK.