Никогаш не обидувајте се да го користите апаратот ако е оштетен, ако не функционира правилно, ако е делумно расклопен или ако му недостасуваат делови или пак се скршени, како и ако му е оштетен кабелот или приклучокот.
Не ракувајте со контролната табла со остри предмети.
Не вадете ги панелите и не расклопувајте ја машината.
Не поправајте и не заменувајте делови од машината. Сите поправки и сервисирања мора да ги изведе квалификуван сервисен персонал освен ако не е поинаку одредено во овој прирачник за корисници. Употребувајте само авторизирани фабрички делови.
Не притискајте ја силно вратата надолу, кога е отворена.
Не ставајте животно во внатрешноста на производот. Животното може да се задуши.
Не перете алишта на чија етикета производителот посочува дека не се перат во машина.
Областа под и околу вашите апарати треба да биде чиста од запалливи материјали какви што се влакненца, хартија, крпи, хемикалии итн.
Не оставајте ја вратата на овој апарат отворена. Децата може да се нишаат на вратата или пак да влезат во апаратот и да предизвикаат штета или да се повредат.
Не ставајте во апаратот, не перете и не сушете алишта што биле исчистени, испрани, потопени или испрскани со запалливи или експлозивни супстанции (како на пример, восок, средства за отстранување восок, масло, боја, бензин, одмастувачи, хемикалии за хемиско чистење, керозин, петролеј, средства за отстранување дамки, терпентин, растително масло, масло за готвење, ацетон, алкохол итн.). Несоодветната употреба може да предизвика пожар или експлозија.
Не користете или не чувајте запалливи супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалија, LPG, запаллив спреј, бензин, разредувач, петролеј, инсектицид, освежувач на воздух, козметика итн.) во близина на апаратот.
Никогаш не отворајте го апаратот додека работи. Почекајте додека не запре целосно барабанот.
Не допирајте ја вратата за време на програмите со висока температура.
Ако протече вода од апаратот или се поплавите, исклучете го од струја и јавете се во информативниот центар за корисници на LG Electronics.
Исклучете ги славините за вода за да се ослободи притисокот од цревата и вентилите и за да се минимизира протекувањето ако се појави пукнатина. Проверете ја состојбата на цревата за полнење; треба да се менуваат на 5 години.
Ако истече гас (изобутан, пропан, природен гас итн.) во домот, не допирајте го уредот и приклучокот и веднаш проветрете ја просторијата.
Ако одводното или доводното црево е замрзнато во текот на зимата, користете го само откако ќе се одмрзне.
Чувајте ги настрана од дофат на деца сите детергенти за перење, омекнувачи и белила.
Не допирајте го приклучокот за струја или контролите на апаратот со влажни раце.
Не превиткувајте го кабелот за струја премногу и не ставајте тешки предмети врз него.
Не допирајте ја водата што се исцедува од уредот во текот на перењето.
Погрижете се правилно да се испушта водата. Ако водата не се испушта правилно, подот може да се поплави.
Кога температурата на воздухот е висока, а температурата на водата е ниска, може да се појави кондензација и така да се намокри подот.
Избришете ги нечистотиите или правта од контактните површини на приклучокот за струја.