Не користете продолжен кабел или двоен адаптер.
Секогаш исклучувајте ја машината од струја и исклучете го доводот за вода по употреба.
Поврзете го апаратот со заземјен штекер во согласност со важечките регулативи за поврзување кабли.
Апаратот мора да се постави така што приклучокот ќе биде лесно достапен.
Штекерот мора да се наоѓа на 1 метар од која било страна на апаратот.
Поправките на апаратот смее да ги изведува само квалификуван персонал. Поправките изведени од неискусни лица може да предизвикаат повреда или сериозен дефект. Стапете во контакт со локалниот овластен сервисер на LG.
Приклучокот за струја мора да биде приклучен во соодветен штекер којшто е монтиран и заземјен согласно сите локални правила и закони.