Горе > РАБОТЕЊЕ > Преглед на начинот на работа > Користење на уредот

Користење на уредот

Изберете ја програмата за перење Cotton (Памук) пред првото перење и додајте половина од количината детергент. Вклучете го апаратот без облека. Така ќе се отстранат можните остатоци и водата од барабанот што можеби останале во него во текот на производството.

  • Сортирајте ги алиштата и наполнете го апаратот.

    • Сортирајте ги алиштата според вид ткаенина, ниво на извалканост и количина на полнење, согласно потребите. Отворете ја вратата и наполнете ги алиштата во апаратот.

    ВНИМАНИЕ
    • Пред да ја затворите вратата, погрижете се сета облека и предмети да се внатре во барабанот, да не висат врз гумената заптивка на вратата каде што ќе се заглават кога ќе ја затворите вратата. Ако не го сторите ова, ќе се оштети гумената заптивка на вратата, како и облеката.

    • Тргнете ја облеката подалеку од гумената заптивка на вратата за да не се оштети облеката и самата гумена заптивка.

  • Додајте производи за перење или детергент и омекнувач.

    • Додајте соодветна количина детергент во дозерот за детергент. Ако сакате, додајте белило или омекнувач на ткаенини во соодвените прегради на дозерот.

  • Вклучете ја машината.

    • Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината.

  • Изберете ја соодветната програма.

    • Притискајте го копчето за циклус повеќе пати или вртете го тркалцето за избор на циклуси додека не го изберете саканиот циклус.

    • Потоа, изберете ја температурата на перење и брзината на центрифугата. Внимавајте на информациите на етикетите за нега на вашите алишта.

    • Ако притиснете на копчето Старт/Пауза без да изберете програма, програмата Cotton (Памук) ќе започне веднаш со стандардните поставки.

  • Започнете го циклусот.

    • Притиснете го копчето Старт/Пауза за да го започнете циклусот. Апаратот ќе врти кратко без вода за да ја измери тежината на полнењето. Ако копчето Старт/Пауза не е притиснато во одредено време, апаратот ќе се исклучи и сите подесувања ќе се изгубат.

  • Крај на циклусот.

    • Кога ќе заврши циклусот, ќе се огласи мелодија. Веднаш извадете ги алиштата од машината за да го намалите туткањето. Проверете околу заптивката на вратата кога ги вадите алиштата затоа што мали парчиња облека може да се заглават во неа.