Горе > РАБОТЕЊЕ > Подготовка за перење > Проверка на алиштата пред перење

Проверка на алиштата пред перење

  • За да може алиштата да се распоредат еднакво за време на центрифугата, комбинирајте големи и мали парчиња.

  • Не перете мали единечни парчиња. Додајте 1-2 слични парчиња за да спречите неизбалансирано полнење.

  • Проверете дали сите џебови се празни. Предмети какви што се, клинови, шноли, ќибрити, пенкала, парички и клучеви може да ги оштетат и машината и вашите алишта.

  • Перете ги деликатните алишта (хулахопки, градници со жица) во посебна мрежа за алишта.

  • Затворете ги патентите, закопчајте ги копчињата и врзете ги врвките за да не се заплеткаат алиштата.

  • Истретирајте ги нечистотијата и дамките претходно со тоа што ќе ги исчеткате дамките со мала количина детергент растворен во вода.