Горе > РАБОТЕЊЕ > Додавање детергент и омекнувач > Дозирање детергент

Дозирање детергент

  • Користете го детергентот согласно упатствата на производителот на детергентот и изберете го согласно видот, бојата, извалканоста на ткаенината и температурата за перење. Употребувајте само детергенти коишто одговараат за видови на машини за перење со барабан (предно полнење).

  • Ако настане премногу пена, намалете ја количината на детергент.

  • Ако се користи премногу детергент, може да настане премногу пена што ќе резултира со слаби резултати при перењето и ќе го оптовари моторот.

  • Доколку користите течен детергент, следете ги упатствата на производителот.

  • Можете да ставите течен детергент директно во главната преграда за детергент ако планирате веднаш да ја вклучите програмата.

  • Не користете течен детергент ако ја користите функцијата Delay End (Одложи крај) или ако сте ја избрале опцијата Pre Wash (Претперење) бидејќи течноста може веднаш да се диспензира или да се стврдне во фиоката или коритото.

  • Можеби ќе треба да ја приспособите употребата на детергентот според температурата на водата, тврдоста на водата, големината на полнење и нивото на извалканост на алиштата. За најдобри резултати, избегнувајте преголеми количини детергент. Ако ставите премногу, ќе се создаде премногу пена.

  • Погледнете ја етикетата на алиштата пред да додадете детергент и да изберете температура на водата.

  • Користете соодветни детергенти за различните видови алишта:

    • Течен детергент обично се користи во посебни случаи, односно, за обоени алишта, волна, деликатни или темни алишта.

    • Прашокот за перење е соодветен за сите видови ткаенини.

    • За најдобри резултати при перењето на бели и светли алишта, користете прашок за перење со белило.

    • Прашокот за перење се испушта од преградата на почетокот на програмата.

НАПОМЕНА
  • Не дозволувајте детергентот да се стврдне. Во спротивно, може да дојде до затнување, слаби резултати при плакнењето и појава на миризби.

  • Целосно полнење: Според препораките на производителот.

  • Делумно полнење: 1/2 од нормалната количина.

  • Минимално полнење: 1/3 од целосното полнење.