Секоја програма има стандардни поставки коишто се бираат автоматски. Можете да ги приспособувате овие поставки со помош на овие копчиња.
Ова копче ја бира температурата на перење за избраната програма.
Притиснете на копчето Temp. (Темп.) додека не засвети посакуваната поставка.
Изберете температура на водата погодна за видот алишта што ги перете. Следете ги упатствата на етикетата за грижа за облеката, за да добиете најдобри резултати.
Интензитетот на центрифугата може да се избира со постојано притискање на ова копче.
Притиснете го копчето Spin (Центрифуга) за да изберете брзина на центрифугата.
Ако е избрано No (Не) за нивото на центрифуга, барабанот на машината за перење ќе ротира пред испуштањето на водата.
Оваа функција е препорачана за луѓе со алергии на детергенти.
Притиснете го и држете го копчето TurboWash (Турбо перење) 3 секунди за да додадете еднаш плакнење.
Оваа функција се користи за перење на нормално и многу извалкани алишта.
Притиснете и држете го копчето Pre Wash (Претперење) 3 секунди.
Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот.
Притиснете на копчето Напојување.
Додајте детергент.
Изберете програма за перење.
Приспособете ја програмата за перење (Temp. (Темп.), Spin (Центрифуга), Rinse+ (Плакнење+) и Intensive (Интензивно)) така како што е потребно.
Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот.
Притиснете на копчето Напојување.
Не избирајте програма за перење и не додавајте детергент.
Притиснете на копчето Spin (Центрифуга).
Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Ако ја изберете програмата за перење, нема да можете да изберете само центрифуга. Ако се случи ова, двапати притиснете на копчето Напојување за да се исклучи и повторно да се вклучи машината.