Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ > Карактеристики на апликацијата LG ThinQ

Карактеристики на апликацијата LG ThinQ

Комуницирајте со уредот преку вашиот мобилен телефон, користејќи ги корисните паметни опции.

Remote Start (Далечинско започнување)

Ви овозможува контрола над апаратот од далечина преку апликацијата LG ThinQ.

Download Cycle (Преземање на циклус)

Можете да преземете нови и посебни циклуси што не се вклучени во основните циклуси на апаратот.

Можете да преземете разни специјализирани циклуси специфични за апаратот ако сте го регистрирале.

Откако ќе заврши преземањето на циклусот во апаратот, апаратот ќе го задржи преземениот циклус се додека не се преземе нов циклус.

НАПОМЕНА
  • Само еден циклус може да биде зачуван во апаратот истовремено.

Водич за чистење на коритото под барабанот

Оваа функција покажува уште колку циклуси преостануваат до почетокот на функцијата Tub Clean (Чистење на корито под барабан).

Набљудување на енергијата

Оваа функција ја проверува потрошувачката на електрична енергија на последните циклуси и месечниот просек.

Smart Diagnosis

Оваа функција обезбедува корисни информации за дијагностицирање и решавање на проблемите кај апаратот, базирајќи се на образецот на употреба.

Подесувања

Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.

Предупредувачко известување

Кога циклусот е завршен или кога апаратот има проблеми, постои опција да добивате мобилни известувања на паметниот телефон. Известувањата се активираат дури и ако апликацијата LG ThinQ е исклучена.

НАПОМЕНА
  • Доколку го промените рутерот, вашиот интернет-провајдер или лозинката, избришете ја машината регистрирана преку апликацијата LG ThinQ и повторно регистрирајте ја.

  • Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.

  • Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.