Скенирајте го QR-кодот прикачен на производот со камера или апликација за читање QR-кодови на вашиот паметен телефон.

Пребарајте и инсталирајте ја апликацијата LG ThinQ од Google Play Store или Apple App Store на паметен телефон.
Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и најавете се со вашата постоечка сметка или создајте сметка на LG за да се најавите.
Допрете го копчето (~) за додавање на апликацијата LG ThinQ за да го поврзете вашиот апарат на LG. Следете ги упатствата во апликацијата за да го завршите процесот.
За да ја потврдите Wi-Fi врската, проверете дали свети индикаторот за Wi-Fi на контролниот панел.
LG ThinQ не е одговорна за какви било проблеми околу поврзувањето со мрежата или какви и да било проблеми, дефекти или грешки предизвикани од поврзувањето со мрежата.
Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.
Ако растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер е преголемо, сигналот ќе ослаби. Така е потребно подолго време за поврзување или апликацијата нема да се инсталира.
Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.
Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.
Можеби нема поврзување со Wi-Fi или можеби е прекинато поврзувањето поради опкружувањето на домашната мрежа.
Ако апаратот не може да се поврзе поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал, откачете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута пред повторно да се обидете.
Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.
Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)
Smartphone корисничкиот интерфејс (UI) може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.
Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, мрежата може да не се постави. Сменете го безбедносниот протокол (се препорачува WPA2) и повторно поврзете го производот.