1E
ПРОБЛЕМ СО ДОВОДОТ НА ВОДА
Снабдувањето со вода не е соодветно за таа локација. Водата не влегува во машината или влегува бавно.
Направете проверка со друга славина во куќата.
Славината за снабдување со вода не е целосно отворена. Водата не влегува во машината или влегува бавно.
Отворете ја славината целосно.
Доводното црево е превиткано.
Исправете го цревото или ставете ново.
Затнат е филтерот на доводното црево.
Проверете го и исчистете го филтерот за доводниот вентил откако ќе ја исклучите славината и ќе ги отстраните спојките за цревото од машината за перење.
UE
ПРОБЛЕМ ПОРАДИ НЕИЗБАЛАНСИРАНА МАШИНА
Машината располага со систем кој ја открива и ја корегира неизбалансираноста на машината.
Ако алиштата се премногу влажни кон крајот на циклусот, прередете ги за да овозможите соодветно цедење со центрифуга. Затворете ја вратичката и стиснете на копчето Старт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.
Премалку алишта. Можно е системот да престане да врти или да ја прекине центрифугата доколку во машината има тешки парчиња (на пр. ќилимче, бањарка итн).
Додајте 1 или 2 слични или помали парчиња алишта за да биде избалансирано полнењето. Затворете ја вратичката и притиснете го копчето Старт/Пауза. Може да се потребни неколку моменти додека да почне центрифугата. Вратичката мора да биде заклучена за да почне центрифугирањето.
OE
ПРОБЛЕМ СО ОДВОДОТ НА ВОДА
Одводното црево е извиткано или затнато. Водата не се цеди од машината или се цеди бавно.
Исчистете го и исправете го одводното црево.
Одводниот филтер е затнат.
Проверете и исчистете го одводниот филтер.
dE dE1 dEz dE4
ПРОБЛЕМ СО ВРАТАТА
Сензорот на вратата не работи.
Јавете се во сервисниот центар на LG. Телефонскиот број на локалниот сервисен центар на LG е наведен на гаранцијата.
tE
ГРЕШКА СО КОНТРОЛИТЕ
Постои проблем со контролите.
Исклучете го приклучокот од струја и повикајте сервис.
LE
ПРОБЛЕМ СО МОТОРОТ
Оптоварување на моторот.
Исклучете ја машината и оставете да се излади моторот 30 минути, а потоа рестартирајте ја програмата.
FE
ПРОБЛЕМ ПОРАДИ ПРЕПОЛНУВАЊЕ
Се преполнува со вода поради можен дефектен вентил за вода.
Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер. Повикајте сервисер.
PE
ПРОБЛЕМ СО СЕНЗОРОТ ЗА ПРИТИСОК
Сензорот за нивото на водата не работи.
Затворете ја славината за вода. Исклучете го апаратот од штекер. Повикајте сервисер.
vs
ПРОБЛЕМ СО СЕНЗОРОТ ЗА ВИБРАЦИИ
Сензорот за вибрации не работи.
Повикајте сервис.
FF
ЗАМРЗНАТ ДЕЛ
Да не се замрзнати цревото за довод/одвод или одводната пумпа?
Ставете топла вода во барабанот за да се одмрзне одводното црево и одводната пумпа. Прекријте го доводното црево со влажна и топла крпа.
AE
ПРОТЕКУВАЊЕ ВОДА
Претекува вода.
Повикајте сервис.
PF
ПРОБЛЕМ СО НАПОЈУВАЊЕТО СО СТРУЈА
Проблем со напојувањето со струја или со електриката за време на работата.
Притиснете го копчето Старт/Пауза за да го рестартирате циклусот.