Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате нашиот сервис > Wi-Fi

Wi-Fi

Вашиот куќен апарат и паметен телефон не се поврзани со Wi-Fi мрежата.

Причина

Лозинката за Wi-Fi на коешто се обидувате да се поврзете, е неточна.

Решение
  • Пронајдете Wi-Fi мрежа поврзана со вашиот паметен телефон и отстранете ја, потоа регистрирајте го апаратот на LG ThinQ.

Причина

Мобилниот интернет за вашиот паметен телефон е вклучен.

Решение
  • Исклучете го мобилниот интернет на вашиот паметен телефон и регистрирајте го апаратот, користејќи ја Wi-Fi мрежата.

Причина

Името на безжичната мрежа (SSID), не е правилно поставено.

Решение
  • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери).

Причина

Фреквенцијата на рутерот не е 2,4 GHz.

Решение
  • Поддржана е само 2,4 GHz фреквенција на рутерот. Поставете го безжичниот рутер на 2,4 GHz и поврзете го апаратот со безжичниот рутер. За да ја проверите фреквенцијата на рутерот, проверете кај вашиот снабдувач на интернет услуги, или кај производителот на рутерот.

Причина

Преголемо е растојанието помеѓу апаратот и рутерот.

Решение
  • Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и рутерот, сигналот може да биде слаб и конекцијата може да не биде правилно конфигурирана. Променете ја локацијата на рутерот, за да биде поблиску до апаратот.