Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.
Проверете дали приклучокот за струја е целосно вметнат во штекерот.
Не вклучувајте го уредот во повеќе штекери, кабли со повеќе приклучоци или продолжни кабли.
Не менувајте го приклучокот што доаѓа со уредот. Доколку не одговара на штекерот, повикајте електричар за да постави правилен приклучок.
Овој апарат е опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување (клин за заземјување) и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде приклучен во соодветен штекер, којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните правила и закони.
Неправилното поврзување на спроводникот за заземјување може да доведе до ризик од струен удар. Направете проверка со квалификуван електричарски или сервисен персонал ако не сте сигурни дали машината е правилно заземјена.