Оваа функција е достапна само за некои модели.
Контролна табла
Ја поставува температурата на фрижидерот и замрзнувачот.
LED светилка
LED светилките во внатрешноста на фрижидерот се палат со отворање на вратата.
Филтер за воздух*1
Се намалуваат миризбите во пределот на фрижидерот.
Автомат за мраз*1
Ова е просторот каде што автоматски се прави и се чува мразот.
Резервоар на диспензерот за вода*1
За складирање вода која ќе го снабдува диспензерот или автоматот за мраз. Потребно е рачно полнење.
Корпа на вратата на фрижидерот
За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови.
Вертикална преграда на вратата
Се спречува излегувањето на ладниот воздух од фрижидерот.
За да се намали ризикот од гребење на вратата или кршење на централната вертикална преграда на вратата, осигурете се дека вертикалната преграда е секогаш преклопена навнатре.
Филтер за вода*1
Овој филтер ја прочистува водата.
Филтерот треба да се менува на секои 6 месеци.
Полица на фрижидер
За складирање храна на која и е местото во фрижидер, како и свежа храна.
Храната што содржи повеќе влага складирајте ја на предниот дел од полицата.
Преклопувачка полица*1
Прилагодлива е заради задоволување на индивидуалните потреби за складирање.
Преграда Door in Door*1
За складирање на секојдневна храна како закуски и пијалоци.
Долна полица
За да складирате сад со храна поголем од 1 kg, поставете го на долната полица.
Фиока на фрижидерот
Чува свежи овошје и зеленчук.
Автомат за мраз (замрзнувач)*1
Овде автоматски се прави Craft Ice.
Корпа за мраз*1
Складира мраз направен од автоматот за мраз од замрзнувачот.
Табла на замрзнувачот
За чување мала спакувана замрзната храна или храна што често се користи. Лизгачките садови/тацни се лесни за пристап и пригодни за употреба.
Фиока на замрзнувачот
За складирање замрзната храна на подолго време.