Горе > РАБОТЕЊЕ > Автомат за мраз > Вадење/повторно ставање на корпата за мраз

Вадење/повторно ставање на корпата за мраз

Отворот низ кој се диспензира мразот може да се затне од мраз ако се користи само кршен мраз. Отстранете го мразот што се насобрал така што ќе ја извадите корпата за мраз и ќе го исчистите отворот со гумена шпатула. Периодично диспензирање коцки мраз може исто така да спречи насобирање на мраз.

  • За да го вклучите автоматот за мраз, притиснете и држете го копчето Ice On на контролната табла 3 секунди.

  • Нежно повлечете ја рачката за да го отворите одделот за мраз.

  • За да ја извадите корпата за мраз од вратата, фатете ја предната рачка, кренете го малку долниот дел и полека извлечете ја корпата како што е прикажано.

  • Повторно поставете ја корпата во вратата по обратен редослед на вадењето.

ВНИМАНИЕ
  • Не допирајте ги механичките делови на автоматот за мраз со рака или со каков било механички инструмент. Така можете да предизвикате сериозна повреда или оштетување на апаратот.

  • Не го расклопувајте, поправајте или изменувајте Автоматскиот ледомат. Овие задачи треба да се направат само од страна на сервисер.

  • Треба да се внимава бидејќи автоматот за мраз работи постојано дури и откако вратата од замрзнувачот е отворена, а автоматот за мраз наместен на „ON“.

  • Држете ги децата понастрана од диспензерот.

  • Кога повторно ќе ја поставувате корпата за мраз, осигурете се дека е правилно наместена. Ако таа е навалена или нерамна, нема да продолжи со правењето мраз, поради пореметување на сензорот.