Оваа функција е достапна само за некои модели.
Резервоарот за вода ја чува водата што треба да се диспензира или користи од автоматот за мраз.
Отстранете го резервоарот за вода со тоа што ќе го извлечете држејќи го за рачката.
Отворете го капакот или капачето на резервоарот за вода. Наполнете со флаширана филтрирана вода или чиста филтрирана вода до референтната линија поставена во внатрешноста на резервоарот за вода. (Вкупен капацитет: 4 ℓ)
По полнењето со вода, затворете го капакот или капачето на резервоарот за вода. Вратете го резервоарот за вода на полицата на фрижидерот.
Полнете го резервоарот за вода само со вода за пиење.
Не полнете го резервоарот за вода со друго освен вода, како кафе или сок.
Трудете се да го чистите резервоарот за вода еднаш на секои 1 до 2 седмици.
Не оставајте го резервоарот за вода неизмиен долго време.
Не продолжувајте да го користите резервоарот за вода со повторно полнење вода без да го измиете.
Не применувајте сила при вадењето и ставањето на резервоарот за вода. Може да се оштети апаратот или да се повредите.
Не дозволувајте им на децата да си играат близу делот каде што е резервоарот за вода.
Пред да почнете со користење по инсталацијата на уредот, измијте го со вода.
Проверете дали е поставен правилно. Ако не е поставен правилно, може да дојде до протекување на вода од резервоарот во уредот.
Ако нема доволно вода во резервоарот за вода, тоа може да влијае врз големината на коцките мраз и количината, а може и да не се создаде мраз.
Доколку во резервоарот нема вода, нема да можете да ја користите функцијата за студена вода и диспензирање мраз. Проверете дали има вода во резервоарот, па ако нема, наполнете го.
Причекајте најмалку 15 секунди за да го извадите резервоарот ако претходно сте диспензирале вода или мраз од диспензерот.
Звукот од резервоарот за вода ќе биде нормален при ставањето вода во диспензерот и автоматот за мраз. Не укажува на дефект.