Горе > БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА > ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ > Техничка безбедност

Техничка безбедност

  • Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.

  • Деца помали од 3 години треба да се држат понастрана од апаратот, освен ако се под надзор.

  • Не дозволувајте апаратот да се користи како играчка. Потребно е големо внимание кога се користи од или во близина на деца.

  • Не дозволувајте децата да си играат или да висат на апаратот.

  • Не користете го апаратот со оштетен кабел за напојување или приклучок. Кабелот мора да се замени. Ако апаратот не работи како што треба, паднал, се оштетил, бил оставен на отворено или паднал во вода, вратете го во сервисен центар на LG Electronics.

  • Не влечете го, ниту носете го за кабелот, не користете го кабелот како рачка, не затворајте врата врз кабелот и не влечете го кабелот околу остри рабови или агли. Не поминувајте со апаратот преку кабелот. Чувајте го кабелот подалеку од загреаните површини.

  • Не исклучувајте го од штекер со влечење на кабелот. За да го исклучите, фатете го приклучокот, а не кабелот.

  • Поставете ги каблите од другите апарати надвор од областа што треба да се исчисти.