Никогаш не користете батерија, адаптер и станица за полнење од други апарати со овој апарат. Користете ги само батеријата и станицата за полнење обезбедени од LG Electronics.
Никогаш не користете батерија, адаптер и станица за полнење од овој апарат со други апарати.
Исклучете го кабелот за напојување и извадете ја батеријата ако нема да го користите апаратот подолг временски период.
Не користете изменети или оштетени батерии.
Не расклопувајте ја, не вадете ја или не правете краток спој на батеријата.
Кога ја фрлате батеријата или апаратот, извадете ја батеријата од апаратот и безбедно фрлете ја.
Заменете ги специјално назначените батерии кога веќе не можат да го одржуваат полнежот.
Погледнете ги упатствата во делот Полнење на батеријата за начинот на замена на батеријата.
Кога го фрлате овој апарат, следете ги прописите за отстранување литиум-јонски батерии што се полнат.
Следете ги сите локални прописи кога ракувате со батеријата или ја фрлате.
Спречете ненамерно стартување. Проверете дали прекинувачот е во исклучена положба пред да ја поврзете батеријата, пред да го подигнете или носите апаратот.
Исклучете ја батеријата од апаратот пред да направите какви било приспособувања, да менувате додатоци, да го чистите, сервисирате или складирате апаратот.
Кога батеријата не се користи, чувајте ја подалеку од други метални предмети, како што се спојници за хартија, монети, клучеви, клинци, завртки или други мали метални предмети, кои можат да направат врска помеѓу терминалите.
Под услови на погрешна употреба, течноста може да истече од батеријата. Ако тоа се случи, избегнувајте контакт. Ако случајно дојде до контакт, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте лекарска помош.
Ако апаратот треба да се чува неискористен подолго време, батериите треба да се отстранат.
Пред да ја извадите батеријата, мора да го исклучите овој апарат.
Кога ја ставате батеријата во телото на производот, вметнете ја целосно додека не кликне.