Користење на Live Playback (репродукција во реално време)
Тоа е функција која можете да ја користите за привремено зачувување на тековно гледаната програма на USB HDD уред, за да можете да репродуцирате одредена сцена која сте ја пропуштиле за време на гледањето телевизија. Оваа функција ви овозможува да продолжите со гледањето од местото каде што сте запреле доколку накратко сте морале да прекинете.
  1. Поврзете го USB HDD уредот на USB приклучокот.
  2. Притиснете го копчето ВКЛУЧИ LIVE PLAYBACK во левиот агол од екранот.
  3. Додека гледате емитување во живо, со покажувачот изберете ја саканата точка на лентата за напредување. Исто така, можете да ги притиснете копчињата ЛевоЛево / ДесноДесно на вашиот далечински управувач за да ја користите оваа функција.
    На лентата за напредување изберете претходна точка која се разликува од тековната точка.

Live Playback (Репродукција во живо)Live Playback (Репродукција во живо)

Изберете уред кој ќе го користите со Репродукција во живо кога два или повеќе USB HDD уреди ќе се поврзат на телевизорот.
Не можете да користите USB уред. Поврзете USB HDD со простор за складирање од 80 GB или повеќе.
Ако нема доволно слободен простор на USB HDD уредот, Репродукција во живо може да не работи правилно. За да ја користите функцијата Репродукција во живо, потребен ви е USB HDD уред со најмалку 2.3 GB слободен простор.
Може да се користи за аналогно или дигитално емитување и во режим на влез. Сепак, оваа опција не можете да ја користите додека слушате радио канал.
(Оваа функција е достапна само кај одредени модели.)
Каналите поврзани во COMPONENT IN и HDMI IN не поддржуваат Live Playback.
(Приклучокот COMPONENT IN е достапен само кај одредени модели.)
Со функцијата Репродукција во живо, можете да враќате програма до два часа во зависност од преостанатиот капацитет на USB HDD. Ова време може да се разликува во зависност од регионот.
Зачуваните видео снимки во режимот Репродукција во живо се бришат ако го исклучите телевизорот без да ги снимите.