Користење на Закажувач
Можете да го внесете времето и датумот на програмата за да закажете гледање или за да го снимате во поставеното време.
-
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
- Изберете ја апликацијата Закажувач за да снимате или за да гледате програма во закажаното време.
- Можете да ја подредите листата.
- Можете да го поставите режимот за бришење.
- Можете да поставите ново закажано снимање
- Можете да поставите нов потсетник
- Активирајте ја опцијата ТВ водич.
Закажување по програма
Можете да изберете емисија за да ја закажете за гледање или снимање.
-
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
- Изберете ја апликацијата ТВ водич за да снимате или за да гледате програма во закажаното време.
-
Изберете ја саканата програма.
Доколку сакате да снимате емитување во живо, кликнете на копчето СНИМАЈ или на ГЛЕДАЈ.
Во случај на претстојна програма, кликнете на копчето Закажи снимање или на Потсетник.
Закажаното снимање можно е да не ја сними целосно програмата, бидејќи програмата се снима според информациите од станицата за емитување.
Се однесува на дигитално емитување.
Рачно закажување
Можете да го изберете датумот, времето и програмата за гледање или снимање на програмата.
-
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
- Изберете ја апликацијата Закажувач за да снимате или за да гледате програма во закажаното време.
- Поставете го датумот, времето и каналот за снимање или за гледање.
Должината на закажаното снимање мора да биде најмалку 1 минута.
Снимање серии
Функцијата за снимање на серии се користи за автоматско снимање на секоја епизода од избраната програма.
Доколку програмата е серија, можете да ја снимите серијата со Закажи снимање во ТВ водич или со СНИМАЈ додека гледате телевизија.
Доколку програмата е серија, можете да ја снимите серијата со Закажи снимање во ТВ водич или со СНИМАЈ додека гледате телевизија.
Можете да го следите напредокот за снимањето на серијата на екранот со детали во Снимања на серии.
Снимките на сериите можете да ги репродуцирате во апликацијата Снимки.
Проверете ги условите во вашиот регион и условите на вашата мрежа за да ги користите овие функции.
Доколку закажаното снимање на серијата е во исто време со друго закажано снимање или доколку има проблем со информациите за емитување, серијата можно е да не се сними по точниот редослед на епизоди.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот или земјата.