Можете да ја прилагодите програмата со употреба на следниве функции за сушење:
Го намалува времето на сушење и потрошената струја во текот на програмата за сушење.
Тип на ткаенина: памучни или ленени ткаенини како што се памучни крпи, маици и ленена облека.
Максимум полнење: измерено
Одговара за сушење на ниски температури со цел помалку оштетени алишта.
Тип на ткаенина: за деликатни ткаенини
Максимум полнење: 3,5 kg
Капацитетот на машината за перење облека е двојно поголем отколку кога се суши облеката. Ако сакате машината да ја употребите за сушење, полнењето за перење мора да биде помало за да се постигне максимален ефект на сушење. Ако сте испрале облека со максимално полнење, тогаш извадете половина од облеката пред да почнете со сушење.
Сите циклуси за сушење започнуваат со краток циклус на вртење со цел да се извлече што е можно повеќе влага пред да започне сушењето.
Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот.
За целосно сува облека, сите парчиња треба да бидат од сличен материјал и дебелина.
Не преполнувајте го барабанот. Парчињата облека мора да имаат простор за слободно превртување.
Притиснете на копчето Напојување.
Изберете програма за перење.
Додајте детергент.
Држете го копчето Dry (Сушење) 3 секунди за да ги прелистате функциите:
@ За орман - За општо сушење
* ниска температура - за деликатни ткаенини
Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Подгответе ги алиштата и наполнете го барабанот.
За целосно сува облека, сите парчиња треба да бидат од сличен материјал и дебелина.
Не преполнувајте го барабанот. Треба да има доволно простор за да може облеката слободно да се движи.
Притиснете на копчето Напојување.
Не избирајте програма за перење и не додавајте детергент.
Држете го копчето Dry (Сушење) 3 секунди за да ги прелистате функциите:
@ За орман - За општо сушење
* ниска температура - за деликатни ткаенини
Притиснете на копчето Старт/Пауза.