Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ > Инсталирање на апликацијата LG ThinQ и поврзување со апарат на LG

Инсталирање на апликацијата LG ThinQ и поврзување со апарат на LG

Модели со QR-код

Скенирајте го QR-кодот прикачен на производот користејќи ја камерата или апликацијата за читање QR-код на паметниот телефон.

Модели без QR-код

  • Побарајте и инсталирајте ја апликацијата LG ThinQ на Google Play Store или Apple App Store преку паметниот телефон.

  • Стартувајте ја апликацијата LG ThinQ и најавете се со вашата постоечка сметка или создајте сметка на LG за да се најавите.

  • Допрете го копчето за додавање (~) на апликацијата LG ThinQ за да го поврзете вашиот LG апарат. Следете ги инструкциите за да го завршите процесот.

НАПОМЕНА
  • За да ја потврдите врската со Wi-Fi, проверете дали свети индикаторот за Wi-Fi на контролната табла.

  • При првото поврзување на LG ThinQ, поддржани се само Wi-Fi мрежи од 2,4 GHz. За да ја проверите мрежната фреквенција, контактирајте со вашиот интернет оператор или погледнете го упатството за вашиот безжичен рутер. Откако ќе се поврзе LG ThinQ, може да изберете помеѓу Wi-Fi мрежи од 2,4 GHz и 5 GHz во менито за поставки за мрежа и интернет на апаратот.

  • LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на мрежата.

  • Околното бежично поврзување можеби придонесува бежичниот мрежен сервис да работи бавно.

  • Ако растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер е преголемо, јачината на сигналот слабее. Може да биде потребно повеќе време за поврзување или може инсталацијата да е неуспешна.

  • Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.

  • Мрежната врска може да не работи правилно во зависност од давателот на интернет услуги.

  • Wi-Fi врската можеби не се воспоставува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.

  • Апаратот не може да се поврзе, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се обидете.

  • Ако заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер е овозможен, оневозможете го заштитниот ѕид или додајте исклучок за него.

  • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)

  • Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.

  • Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во подесувањето на мрежата. Променете го на други безбедносни протоколи (Се препорачува WPA2) и повторно поврзете го апаратот.