Оваа функција е достапна само за некои модели.
Контролна табла
Ја поставува температурата на фрижидерот и замрзнувачот.
LED светилка
LED светилките во внатрешноста на фрижидерот се палат со отворање на вратата.
Филтер за воздух*1
Се намалуваат миризбите во пределот на фрижидерот.
Корпа на вратата на фрижидерот
За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови.
Вертикална преграда на вратата
Се спречува излегувањето на ладниот воздух од фрижидерот.
За да се намали ризикот од гребење на вратата или кршење на централната вертикална преграда на вратата, осигурете се дека вертикалната преграда е секогаш преклопена навнатре.
Полица на фрижидер
За складирање храна на која и е местото во фрижидер, како и свежа храна.
Храната што содржи повеќе влага складирајте ја на предниот дел од полицата.
Преклопувачка полица*1
Прилагодлива е заради задоволување на индивидуалните потреби за складирање.
Долна полица
За да складирате сад со храна поголем од 1 kg, поставете го на долната полица.
Фиока на фрижидерот
Чува свежи овошје и зеленчук.
Преместување на ледоматот*1
Модлата служи за правење и чување мраз.
Локацијата на ледоматот може да варира зависно од моделот.
Преграда Door in Door*1
Погодно место за чување на производи кои често ги користите, а до кои ви треба лесен пристап.
Бројот на корпи на вратата на замрзнувачот со секции со две ѕвезди, може да варира во зависност од купениот модел.
Табла на замрзнувачот
За чување мала спакувана замрзната храна или храна што често се користи. Лизгачките садови/тацни се лесни за пристап и пригодни за употреба.
Фиока на замрзнувачот
За складирање замрзната храна на подолго време.
Бројот на фиоки на вратата на замрзнувачот со секција со две ѕвезди може да варира во зависност од купениот модел.