Оваа функција е достапна само за некои модели.
Тип 1. на вратата на фрижидерот | Тип 2. внатре во фрижидерот |
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Express Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Vacation
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот се враќа на претходните поставки.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Кога е вклучена функцијава, не работат другите копчиња освен Lock и Wi-Fi.
Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.
Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.
Wi-Fi*1
Копчето Wi-Fi овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа кога се користи со апликацијата LG ThinQ. Погледнете ги Smart Functions за информации околу првичното поставување на апликацијата.
За да се поврзете со мрежата, притиснете го и држете го копчето Wi-Fi во траење од 3 секунди.
Lock*1
Фукнцијата за заклучување ги оневозможува сите други копчиња на екранот.
Функцијата за заклучување се исклучува кога фрижидерот повторно е приклучен во струја.
За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock во траење од 3 секунди и функцијата ќе се активира.
За да ја исклучите функцијата, притиснете и држете го копчето Lock во траење од 3 секунди.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура.
Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.