Периодично чистете го резервоарот за вода и одржувајте го чист постојано.
Фатете ја рачката од резервоарот за вода и кренете.
Кренете го резервоарот за вода и извлечете го.
Отстранете го капакот додека е крената рачката на резервоарот за вода.
Не применувајте сила при вадењето и ставањето на диспензерот. Може да дојде до оштетување на уредот или повреда.
Пред да почнете со користење на диспензерот по инсталацијата на уредот, измијте го со вода.
Проверете дали диспензерот е поставен правилно. Ако не е поставен правилно, може да дојде до протекување на вода од резервоарот во уредот.