Гледање на 3D слика
3D сликата е технологија која користи малата разлика кај сликата што ја гледаат левото и десното око, за да се добие реалистичен 3-димензионален простор на сликата на телевизорот.
  1. Репродуцирајте 3D наслов или вклучете 3D програма.
  2. Ставете ги 3D очилата.
  3. Притиснете го This is the 3D button on the Magic Motion remote control. копчето за да се префрлите на 3D слика.
  4. За да завршите со гледање на 3D слика, притиснете го This is the 3D button on the Magic Motion remote control. копчето на далечинскиот управувач додека гледате 3D слика.
Во зависност од влезниот сигнал, достапните 3D типови може да се разликуваат.
Прилагодување на деталите кај 3D сликата
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки СЛИКА 3D параметри
Прилагодете ги различните аспекти на 3D сликата.
3D режим Обезбедува соодветна 3D длабочина.
  • 3D длабочина : Прилагодување на 3D длабочината помеѓу предметите и заднината.
  • 3D точка на гледање : Прилагодување на 3D сликата поблиску/подалеку од корисникот.
Зумирање на 3D звук Обезбедува оптимизиран 3D звук.
Нормален приказ на слика 3D ефектот се отстранува и се добива 2D слика.
Корекција на 3D бои Корекција на бојата кај 3D слика.
  • Во зависност од моделот, Корекција на 3D бои може да не биде достапно.
Корекција на 3D слика Замена на левите/десните слики кај 3D видео.
Гледање на 3D слика - предупредување
При гледање на 3D слика, се препорачува гледачот да одржува растојание кое е најмалку двапати поголемо од дијагоналата на екранот.
3D сликата може да не се гледа правилно со очила од тип со затворачи за кои е потребно полнење.
Ако во иднина некој друг формат за 3D преноси кој не е поддржан од овој телевизор стане стандарден, може да ви биде потребен дополнителен уред, како на пр. дигитален приемник.
Користење на 3D очилата - предупредување
Не употребувајте ги 3D очилата како замена за вашите очила за корекција на видот, за сонце или за заштита. Неправилната употреба на 3D очилата може да предизвика повреди на очите.
Немојте да ги чувате 3D очилата на места со екстремни временски услови. Изложеноста на екстремно високи или ниски температури може да предизвика деформирање на леќите. Немојте да користите деформирани очила.
Немојте да ги притискате 3D очилата или да ги изложувате на какви било удари. Грубото ракување со 3D очилата може да доведе до нивно оштетување.
Леќите на 3D очилата (со поларизиран слој) се подложни на гребење. За нивно чистење употребете единствено мека и чиста крпа. Валкана крпа може да го изгребе поларизираниот слој.
Немојте да ја гребете површината на леќите на 3D очилата со остри предмети или да ја бришете со хемикалии. Ако површината на леќите се изгребе, 3D сликата може да не се прикаже правилно.