Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

  1. Power

    Го вклучува и исклучува напојувањето.

  2. Freezer

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -15 °C и -23 °C.

    • Стандардната температура на замрзнувачот е -20 °C.

  3. Wi-Fi

    Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги SMART FUNTIONS за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.

  4. Express Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

    • Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.

  5. Eco Friendly

    Со оглед дека ја намалува потрошувачката, оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога овој режим е исклучен, температурата на фрижидерот се враќа на претходните поставки.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Кога е вклучен овој режим, не работат другите копчиња освен Lock и Wi-Fi.

  6. Door Alarm

    Овде се подесува звукот на алармот што се вклучува кога вратата на уредот е отворена.

  7. Lock

    Ги заклучува копчињата на контролната табла.

    • Заклучете ги копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се појави иконата k и не се активира функцијата.

    • За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се појави иконата l и не се деактивира функцијата.

НАПОМЕНА
  • Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.

  • Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.