Горе > РАБОТЕЊЕ > Автомат за мраз

Автомат за мраз

Оваа функција е достапна само за некои модели.

Оваа функција може да варира во зависност од купениот модел.

Содржи теми

Пред користење на автоматот за мраз на замрзнувачот

Оваа функција е достапна само за некои модели.Автоматот за мраз започнува да произведува мраз по околу 48 часа од првичното инсталирање на апаратот.Исфрлете неколку од првите количини мраз по инсталацијата.Звукот на паѓање мраз во корпата за мраз е нормален.Ако корпата за мраз е целосно полна со мраз, производството на мраз ќе се прекине.Количината и обликот на мраз може да варира зависно од околината (собна температура околу апаратот, колку често се отвора вратата, количината на храна што се чува во апаратот, притисокот на водата итн.).Во случај ако снема струја, исфрлете го мразот што се наоѓа во корпата за мраз.

Автомат за мраз на замрзнувач (мраз во коцки)

Оваа функција е достапна само за некои модели.Автоматско исклучување (рачка за детекција)Автоматов за мраз на замрзнувач создава 12 коцки истовремено, 50 до 110 парчиња во период од 24 часа, ако се поволни условите за тоа. Оваа количина може да варира во зависност од средината (собната температура околу апаратот, зачестеноста на отворање на вратата, количината на складираната храна во апаратот итн.).Коцките за мраз кои се чуваат во кофата со мраз долго време може да се залепат и да бидат тешко да се одвојат. Ако тоа се случи, испразнете ја кофата со мраз целосно и исчистете ја пред повторно да ја вратите.

Користење на корпата за мраз на замрзнувачот

Оваа функција е достапна само за некои модели.Во корпата за мраз се складира мразот направен од автоматот за мраз од замрзнувачот.Корпата за мраз на замрзнувачот мора да се постави во точна ориентација. Ако не го направите тоа, може да се оштети корпата или автоматот за мраз.Отстранете ја корпата мраз за да создадете повеќе простор во замрзнувачот ако не се користи.

Вклучување или исклучување на автоматот за мраз

За да го вклучите автоматот за мраз, притиснете и задржете го копчето Ice On на контролната табла три секунди.Не вклучувајте го напојувањето на автоматот за мраз ако не е поврзана линијата за вода. Така можете да го оштетите автоматот за мраз.

Нормални звуци што можеби ќе ги слушнете

Вентилот на автоматот за мраз зуи додека автоматот се полни со вода. Ако копчето Ice On е поставено на On, ќе зуи дури и ако сѐ уште автоматот не е поврзан со вода. За да прекине зуењето, притиснете го копчето Ice On и држете го 3 секунди додека да се исклучи автоматот за мраз.Ќе слушнете звук на паѓање на мраз во корпата и течење на вода низ цевките додека автоматот за мраз се полни повторно.

Подготовка пред заминување на одмор

За да го исклучите автоматот за мраз, притиснете и задржете го копчето Ice On 3 секунди. Исто така, исклучете го водоснабдувањето до апаратот.Корпата за мраз треба да се испразни секогаш кога автоматот за мраз е исклучен.Ако постојат шанси амбиенталната температура да се спушти под нулата, тогаш повикајте квалификуван техничар којшто ќе ја испушти водата од системот за снабдување со вода со цел да избегнете сериозна имотна штета како последица на поплавување предизвикано од напукната линија за вода или напукнати спојници.