Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

*1

Оваа функција е достапна само за некои модели.

Тип 1. На вратата на замрзнувачот

Тип 2. Внатре во замрзнувачот

  1. Freezer

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -15 °C и -23 °C.

    • Стандардната температура на замрзнувачот е -19 °C.

  2. Express Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

    • Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.

  3. Vacation

    Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на замрзнувачот е -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на замрзнувачот се враќа на претходните поставки.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Кога е вклучена функцијава, не работат другите копчиња освен Lock и Wi-Fi.

    ВНИМАНИЕ
    • Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.

    • Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.

  4. Wi-Fi*1

    Копчето Wi-Fi овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа кога се користи со апликацијата LG ThinQ. Погледнете ги Smart Functions за информации околу првичното поставување на апликацијата.

    • За да се поврзете со мрежата, притиснете и држете го копчето Wi-Fi во траење од 3 секунди.

  5. Lock*1

    Фукнцијата за заклучување ги оневозможува сите други копчиња на екранот.

    • Функцијата за заклучување се исклучува кога фрижидерот повторно е приклучен во струја.

    • За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock во траење од 3 секунди и функцијата ќе се активира.

    • За да ја исклучите функцијата, притиснете и држете го копчето Lock во траење од 3 секунди.

НАПОМЕНА
  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура.

  • Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.

  • Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.