Поставување на OLED екранот
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Слика Параметри за OLED плочата
Со Параметри за OLED плочата, можете да ги отстраните проблемите со квалитетот на сликата како што е врежувањето на сликата кога екранот бил вклучен подолг временски период.
Освежување на пикселите
Се врши калибрирање на проблемите кои може да се појават на екранот кога телевизорот бил вклучен подолго време.
За калибрирањето е потребно повеќе од еден час.
  • ЗАПОЧНИ КОГА ЌЕ СЕ ИСКЛУЧИ ТЕЛЕВИЗОРОТ : Притиснете го копчето за напојување за да го исклучите телевизорот кога ќе завршите со гледањето. Ќе се активира функцијата Освежување на пикселите.
  • ЗАПОЧНИ СЕГА : Вашиот телевизор веднаш се исклучува и се активира функцијата Освежување на пикселите. Потоа, телевизорот автоматски ќе се вклучи.
Доколку го вклучите телевизорот, функцијата Освежување на пикселите ќе престане со работење.
Промена на екранот
Ова го поместува екранот на редовни интервали за да спречи врежување на сликата на панелот за приказ.