
Power
Го вклучува и исклучува напојувањето.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 0 °C и 6 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Wi-Fi
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги SMART FUNTIONS за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
Express Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Eco Friendly
Со оглед дека ја намалува потрошувачката, оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога овој режим е исклучен, температурата на фрижидерот се враќа на претходните поставки.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Кога е вклучен овој режим, не работат другите копчиња освен Lock и Wi-Fi.
Door Alarm
Овде се подесува звукот на алармот што се вклучува кога вратата на уредот е отворена.
Lock
Ги заклучува копчињата на контролната табла.
Заклучете ги копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се појави иконата k и не се активира функцијата.
За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се појави иконата l и не се деактивира функцијата.
Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.