Кога ги чистите надворешните отвори за вентилација на уредот со правосмукалка, тогаш треба да го исклучите од струја за да избегнете статичко празнење коешто може да ја оштети електрониката или да предизвика струен удар. Препорачано е редовно чистење на задните и страничните капаци со цел одржување на сигурната и економичната работа на уредот.
Одржувајте ги чисти отворите за воздух од надворешноста. Блокираните отвори може да предизвикаат пожар или оштетување на уредот.
Исчистете го алуминиумскиот дел на апаратот со мека крпа натопена со вода. Ако употребите умерен детергент, избришете го со чиста памучна ткаенина за да избегнете дамки.
Избришете ги дрвените делови на производот со сува памучна ткаенина. Ако употребете мокра крпа, избришете го вишокот на вода со сува памучна. Мокрите крпи може да предизвикаат изобличување ако дојдат во директен контакт со дрвото подолг период.