Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Опции на контролната табла

Опции на контролната табла

Упатства

a

Копче за вклучување/исклучување

  • Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината.

b

Одбирање програми

  • Програмите се избираат според типот на алишта.

  • Се пали светилка за да ја прикаже избраната програма.

c

Копче Старт/Пауза

  • Притиснете и држете го копчето Старт/Пауза 1 секунда за да започнете или паузирате циклус на сушење.

  • Кога е на пауза, напојувањето автоматски се исклучува по одредено време од безбедносни причини.

d

Екстра опции и функции / Дополнителни копчиња за програмите
  • Користете ги овие копчиња за да ги изберете посакуваните опции за избраната програма. Не се достапни сите опции во секоја програма.

  • За да ги користите дополнителните функции, притиснете и задржете го соодветното копче 3 секунди. Соодветниот симбол светнува на екранот.

Remote Start (Далечинско започнување)
  • Со апликацијата LG ThinQ можете да управувате со апаратот преку паметен телефон.

  • За да ја користите функцијата Далечинско започнување, погледнете во ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ.

Wi-Fi
  • Притиснете го и држете го 3 секунди копчето Dry Time (Време за сушење) за да се воспостави контакт на апаратот со апликацијата LG ThinQ.

e

Прикажување на време и статус
  • Екранот ги прикажува подесувањата, преостанатото време, опциите и пораките за статус. Кога е вклучен апаратот, на екранот ќе светнат стандардните подесувања.

Прикажување на време и статус

Упатства

a

Прикажување на преостанатото време
  • Кога избирате програма за сушење, се прикажува потребното време за избраната програма. Времето се менува кога поставувате екстра опции за програмата.

  • Ако апаратот препознае проблем, ќе се појави порака со грешка.

b

Дополнителна опција и индикатор за функција
  • K Оваа икона светнува кога филтерот за влакненца треба да се исчисти.

    • Напомена за чистењето: кога ќе го стиснете копчето Напојување, иконата ќе се прикаже.

  • E Оваа икона светнува кога резервоарот за вода треба да се исчисти или испразни.

    • Напомена за празнењето: При притискање на копчето Напојување ќе се покаже слика/симбол.

    • Напомена за наполнета вода: Иконата ќе се прикаже и ќе се слушне звук додека уредот сè уште работи.

  • J свети кога уредот автоматски го чисти кондензаторот.

  • f Оваа икона светнува кога машината е поврзана на домашната Wi-Fi мрежа.

  • Â свети кога е активирана функцијата Remote Start (Далечинско започнување).

    • Remote Start (Далечинско започнување): се прикажува кога функцијата за далечински управувач е вклучена.

      Погледнете го делот ThinQ.

  • z свети кога е активирана функцијата Delay End (Одложи крај).

    • Delay End (Одложи крај): може да се постави одложувањето на крајот од 3 до 19 часа.