Отворете ја вратата помеѓу циклусите при првите неколку користења на уредот за да се ослободат евентуалните миризби од внатрешноста.
Децата треба да бидат под надзор за да не влезат во апаратот.
Гледајте филтерот за влакненца и резервоарот за вода секогаш да бидат чисти.
Отворете ја вратата и осигурајте се дека е чист филтерот за влакненца. Кога филтерот не е чист, времето за сушење ќе биде подолго од обично.
Извадете го резервоарот за вода и испразнете ја кондензираната вода од него. Кога ќе се наполни резервоарот за вода, апаратот може да прекине со работа за време на циклус.
Во некои случаи, може да се појави E на LED прозорчето за да ве извести дека резервоарот за вода е полн. Во тој случај, испразнете го.
Наполнете ги алиштата во барабанот откако ќе ги сортирате и затворете ја вратата.
Притиснете ги алиштата длабоко во барабанот за да не се заглават кога ја затворате вратата. Ако се заглават, може да се оштетат за време на сушењето.
Алиштата треба да се сортираат по типот на материјал и по нивото на сушење.
Сите врвки и каиши од алиштата треба да бидат добро прицврстени пред да ги ставите во барабанот.
Притиснете и држете го копчето Напојување 1 секунда за да го вклучите апаратот.
Во зависност од моделот, копчето Напојување може да светне за да укаже дека апаратот е спремен да суши.
Изберете програма за сушење со вртење на тркалцето за избор на програми.
Притиснете и држете го копчето Старт/Пауза 1 секунда за да ја започнете програмата за сушење.
Штом го притиснете копчето, уредот ја проветрува внатрешноста на барабанот 10 секунди за да го подготви уредот за фазата на сушење.
Апаратот пере текстил што испушта влакненца, коишто се насобираат на површината на кондензаторот автоматски употребувајќи вода којашто се кондензира од облеката за време на перењето.
Зачестеноста на чистење на кондензаторот може да варира зависно од големината и првичната количина на влажност на алиштата.
Откако ќе заврши програмата за сушење, отворете ја вратата и извадете ја облеката.
Бидете внимателни! Внатрешноста на барабанот може сè уште да е жешка.
Притиснете и држете го копчето Напојување 1 секунда за да го исклучите апаратот.
Исчистете ги остатоците од влакна околу стаклото на вратата, гумената заптивка и филтерот.
Избришете ги со влажна крпа или влажно марамче.
Исчистете го филтерот за влакненца и испразнете го резервоарот за вода.
За да се намали создавање на миризби, вратата на сушарата може да ја оставите отворена или полуотворена краток временски период, за да помогне во вентилацијата на барабанот по употреба.
Од безбедносни причини не дозволувајте им на децата и животните да влегуваат во апаратот. Тоа може да предизвика оштетување или повреда.
Крајниот дел од циклусот на сушење со вртење се случува без топлина (циклус на ладење) за облеката да биде на температура со којашто нема да биде оштетена.
Високата атмосферска температура и мала просторија може да предизвикаат продолжено време на сушење и поголема потрошувачка.