Горе > РАБОТЕЊЕ > Дополнителни опции и функции > Приспособување на програмата за сушење

Приспособување на програмата за сушење

Секоја програма има стандардни поставки кои се избираат автоматски. Исто така, може да ги приспособите овие поставки користејќи ги овие копчиња.

Dry Level (Ниво на сушење)

Ви овозможува да го изберете нивото на сушење за програмата.

  • 1 Iron (Пеглање): за ткаенина што треба да се пегла

  • z Cupboard (За орман): за ткаенина што не се пегла

  • 3 Extra (Екстра): за дебела и ватирана ткаенина

  • Вклучете го апаратот.

  • Изберете програма.

  • Изберете ниво на сушење со постојано притискање на Dry Level (Ниво на сушење).

Dry Time (Време за сушење)

Користете ја оваа опција за рачно да го изберете времето на сушење, од 20 до 180 минути.

Следете ги следниве чекори за да ја приспособите програмата за сушење:

  • Подгответе ја облеката и наполнете го барабанот.

  • Притиснете и држете го копчето Напојување 1 секунда.

  • Изберете програма за сушење.

  • Приспособете ја програмата за сушење (Dry Level (Ниво на сушење) и Dry Time (Време за сушење)) по потреба.

  • Притиснете и држете го копчето Старт/Пауза 1 секунда.